БИРОДИ: За 45 отсто грѓани на Србија најприфатлив надворешно-политички приоритет е ЕУ

БИРОДИ: За 45 отсто грѓани на Србија најприфатлив надворешно-политички приоритет е ЕУ
21.10.19   16:10

Прочитано : 42

Print This Article

Според истражувањето на белградското Биро за социјални истражувања (БИРОДИ), 45,5 отсто од српските граѓани сметаат дека членството во ЕУ е најприфатлив приоритет на Србија во надворешна политика, додека 17,6 отсто сметаат дека Србија треба да биде членка на Евроазиската унија, а нешто повеќе од една третина од анкетираните велат дека Србија не треба да биде ниту членка на ЕУ , ниту на НАТО, ниту на Евроазиската унија.

Како што се наведува во соопштението на БИРОДИ, само два проценти од анкетираните поддржале дека Србија треба да биде членка и на ЕУ и на НАТО, а меѓу испитаниците со основно и ниско образование, членството во ЕУ е највисок приоритет за надворешна политика, но тие исто така статистички значајно го поддржуваат членството на Србија во Евроазиската унија (23,5 проценти).

-Во однос на изборното однесување, седум од десет испитаници кои во мај 2019 година беа неодлучни, сега се за членството на Србија во ЕУ. Меѓу гласачите на Српската напредна партија (СНС), тој процент е 45,1 процент, за разлика на 29 проценти кои се за неутралност и четвртина кои се за Евроазиската заедница, се наведува во соопштението.

Релативно сличен став имаат и членовите на Социјалистичката партија на Србија (СПС).

Гласачите на опозицискиот Сојуз за Србија (СзС) се поделени на оние кои се за членство во ЕУ, 53,5 проценти и на оние кои се неутрални (38,6 проценти).

  Категории: