Бибер: Новиот еврокомесар за проширување нема кредибилитет за функцијата

Бибер: Новиот еврокомесар за проширување нема кредибилитет за функцијата
10.09.19   21:23

Прочитано : 505

Print This Article

Новиот еврокомесар за проширување Ласло Трочањи не треба да биде задолжен за овој портфељ, оцени експертот за Балканот од универзитетот во Грац, Флоријан Бибер.

Во порака на Твитер тој напиша дека „како што и стравувал” Ласло Трочањи ќе биде задолжен за проширувањето, откако Европската комисија денека ги соопшти портфељите на комесарите во новиот состав.

ЕК денеска објави дека нов министер за проширување на ЕУ ќе биде унгарскиот министер за правда Ласло Трошањи.

„Како експерт во демонтирањето на владеењето на правото во орбановата Унгарија тој не би требало да биде во Комисијата задолжен за проширување, тој нема кредибилитет за скептиците во ЕУ и за агендата за владеење на правото во Западен Балкан”, напиша Бибер на Твитер.

  Категории:
view more articles

Актуелно