Безос продаде нов пакет акции за 990 милиони долари

Безос продаде нов пакет акции за 990 милиони долари
10.08.19   19:25

Прочитано : 249

Print This Article

Основачот и директор на Амазон Џеф Безос во првите два дена на август продал уште еден пакет од над 530.000 акции на Амазон за 990 милиони долари. По плаќањето на данокот, нето добивката од оваа трансакција на Безос ќе му донесе 750 милиони долари.

Само неколку дена претходно, Безос продаде акции вредни 1,8 милијарди долари, од што ќе му останат 1,4 милијарди долари.

Како најбогат човет на планетата, Безос сега вреди проценети 110,1 милијарда долари, сметајќи ја заклучната цена на акциите на Амазон во понеделникот.

Портпаролот на Амазон одби да соопшти за што Безос продал уште еден пакет акции. Аналитичарите сметаат дека средствата му се потребни за финансирање на „Блу Ориџин“, компанија за истражување на вселената, која Безос ја основаше во септември 2000 година

  Категории: