Беса: Власта ќе го пушти во употреба шестоседот на Попова Шапка пред изборите

Беса: Власта ќе го пушти во употреба шестоседот на Попова Шапка пред изборите

Движењето Беса на денешната прес-конференција на Попова Шапка ја обвини власта дека досега намерно не го пуштила во употреба новиот шестосед и оти тоа го остава за пред избори.

– Единственото добро што започна како инвестиција во ова место беше токму шестоседот, кој како што изгледа ќе биде пуштен во употреба во пресрет на изборите, бидејќи ДУИ и оваа Влада сакаат да злоупотребуваат и најмала можна инвестиција за манипулирање со гласови, бидејќи последните денови изгледа се освестиле и знаат што го очекува на 12 април. За да биде уште полошо, пред еден ден на вестите го слушнавме министерот за еконимија Крешник Бектеши кој се правдаше дека тој и неговото Министерство ја завршиле работата на време, ама виновно било Министерството за транспорт и врски. Како што изгледа, се договорале да ја одолговлекуваат работата со цел тој да не биде пуштен во употреба до пред избори, за да можат во предизборната кампања да се фалат дека нешто направиле, иако работите на овој ски лифт се одолговлекуваат веќе шест години, истакна Сали Мустафа од Беса.

Тој ги критикуваше властите и за останатите неостварени ветувања.

– Со години од Општина Тетово и оваа Влада слушнваме како ќе граделе катна гаража на ова место, подобра инфраструктура, дека ќе инвестираат во викенд населбата, но освен празни зборови, ништо друго не е направено, а не се ни рекламираат на страниците на Владата како што се случува со Маврово. Движењето Беса бара од Владата да не манипулира со жителите и граѓаните на ова место, бидејќи тоа што самите го рекламираат – правдата, ќе ги стигне и нив по 12 април и ќе се соочат со овие злодела направени на Шапка, истакна Мустафа