БЕСА: Автопатот Скопје – Блаце, нереализрано ветување на ДУИ

БЕСА: Автопатот Скопје – Блаце, нереализрано ветување на ДУИ
12.10.19   18:07

Прочитано : 188

Print This Article

Соопштение на БЕСА:

Иако илјадници пати функсионерите на ДУИ ветија изградба и пуштање во употреба на автопатот Скопје – Блаце, до денес такво нешто не е реализирано.

Високи функционери на ДУИ честопати го посетувале ова место, лажејќи нè дека овој пат наскоро ќе биде во функција и ќе ги поврзе Република Северна Македонија и Република Косово.

Нивните празни ветувања сега завршуваат, затоа што дури и нивните чести лаги се трошат.

Ние сме тука иронично да ја пренесеме пораката за неуспесите на функционерите на ДУИ, да ги пресечеме лентите на нивните неуспеси и симболично да го отвориме овој пат кој сè уште не започна да се гради, со цел да се им овозможи на граѓаните слободно да се движат меѓу двете држави!

Знаејќи дека конкуренцијата е голема за сечење на лентата, ги повикувам мирно да ја пресечат црвената лента и да го решат овој повеќегодишен проблем.

Инаку, ДУИ е позната и како „субјект на црвена лента“ затоа што многу проектни ленти се исечени, но за жал не се завршени.

Младинскиот форум на Движењето БЕСА чекор по чекор ќе ги следи сите неуспеси на ДУИ и ќе биде моќен глас за манипулациите на ДУИ и владата, која што секој ден ја губи довербата кај граѓаните поради неисполнување на изборните ветувања.

 

  Категории:
view more articles

Актуелно

view more articles

Останати вести