Берлускони: Ако нема влада на десниот центар треба да се распишат избори

Берлускони: Ако нема влада на десниот центар треба да се распишат избори
22.08.19   16:15

Прочитано : 100

Print This Article

Италијанската опозициска партија Форца Италија се залага да се распишат избори доколку не биде можно да се формира влада на десниот центар, изјави лидерот на партијата Силвио Берлускони.

Поранешниот премиер и медиумски тајкун Берлускони се обрати по повод падот на владата на коалицијата Движење пер ѕвезди и Лига.

Берлускони се сретна со претседателот на Италија, Серџо Матарела, кој по консултациите со политичките лидери треба да одлучи дали ќе распише вонредни избори или ќе додели мандат за формирање на нова влада.

Матарела денеска ќе одржи консултации со претставниците на Демократската партија, најсилната опозициска партија и антисистемското Движење пет ѕвезди, кои би можеле да формираат нова влада, откако премиерот Џузепе Конте поднесе оставка.

Конте поднесе оставка на 20 август на седницата на Парламентот на која требаше да се гласа за недоверба на владата, што 12 дена претходно го побара министерот за внатрешни работи и лидер на италијанската Лига, Матео Салвини.

Матарела бара од политичките партии да постигнат договор за нова влада во следните денови, доколку сакаат да избегнат предвремени избори. На денешните консултации шефот на државата сака да види јасни сигнали дека е можен договор за нова влада, како и значаен напредок во тој правец на почетокот на следната недела.

Поранешниот италијански премиер, од редовите на Демократската партија, Матео Ренци вчера истакна дека е подготвен да соработува со Движењето пет ѕвезди.

  Категории: