Берлин: Објаснувањето на Ријад за смртта на Кашоги е неадекватно

Берлин: Објаснувањето на Ријад за смртта на Кашоги е неадекватно
20.10.18   19:05

Прочитано : 105

Print This Article
loading...
loading...

Германската канцеларка Ангела Меркел и министерот за надворешни работи на Германија Хајко Мас денеска во заедничко соопштение го осудија убиството на саудискиот новинар Џамал Кашоги, оценувајќи дека изнесените информации од страна на Ријад за случајот се неадекватни.

– Најосто го осудуваме овој чин, наведуваат Меркел и Мас во соопштението, нагласувајќи дека бараат целосно расветлување на околностите под кои е убиен Кашоги и очекуваат транспарентност од страна на Саудиска Арабија.

Официјален Ријад синоќа соопшти дека Кашоги бил „убиен при тепачка со група луѓе кои ги сретнал во Саудискиот конзулат во Истанбул“ и дека е поведена истрага во врска со убиството, при што веќе биле уапсени 18 Саудијци.

  Категории: