Белгијскиот филм „Девојка“ во кината

Белгијскиот филм „Девојка“ во кината
16.05.19   13:32

Прочитано : 148

Print This Article

Инспириран од приказната на Нора Монсекур и нејзиното искуство во постапката да стане успешна балерина, режисерот Лукас Донте го искористува повеќегодишното дружење со Нора (трансродова балерина) и сними филм кој е номиниран за наградата Златен Глобус за најдобро странско остварување.

Нивното дружење започнува во 2009 година кога режисерот дознал за тинејџерка, трансродова личност која се обидува да стане успешна балерина.

Лара, со подршка на својот татко, во потполност се посветува на својата цел во новото школо. Меѓутоа нејзините тинејџерски фрустрации и нетрпение почнуваат да растат по што ќе свати дека нејзиното тело се спротивставува на строгата дисциплина затоа што е родена како момче.

Филмот за првпат е прикажан во Кан во 2018 година во селекција на Извесен Поглед, во кој освои 4 награди: Најдобар актер (Виктор Постер), Златна Камера за режисерот Лукас Донте, ФИРПЕСКИ и Квир Палм.
„Девојка” е прикажуван на повеќе од 30 фестивали и освои преку 20 награди, а најголем успех постигна актерот Виктор Постер чија неверојатна интерпретација на петнаесетгодишната Лара е доволна причина овој филм да не се пропушти.

Филмот се наоѓа во редовниот репертоар во домашните кина од четврток 16 мај.

  Категории: