Бандата се храни од молкот и стравот

Бандата се храни од молкот и стравот
7.10.19   17:37

Прочитано : 1,096

Print This Article

Ви пренесуваме дел од колумната на Џабир Дерала за Цивил Медиа:

Се сеќавате на деновите кога ги викавме кецароши? Беа и останаа кецароши. Еден професор, своевремено ми раскажа дека професорката што сега по Фејсбук пласира лажни вести и фалсификати, била лош студент која не го разбирала правото ни тогаш, ни сега. Ете, таков лик предава право на најстариот државен универзитет, член е на Венецијанска комисија, на времето окупираше едно чудо други функции, додека на власт беше Фамилијата…

Ширењето дезинформации и лажни вести креираат една грда, извитоперена реалност што им оди во прилог на радикалните националисти и анти ЕУ и НАТО политичари, меѓу кои има и осомничени, па и осудени криминалци. Да биде ситуацијата уште полоша, институциите одбраа мек пристап, а медиумската констелација им оди во прилог. Освен со говор на омраза и црна пропаганда, лажни вести и дезинформации, во арсеналот на оружја против фактите отсекогаш имале фалсификување документи.

Професорка по право, член на Венецијанска комисија, возрасна и сериозна госпоџа, шири лажни вести и фалсификувани документи! Па, кај го има тоа?! Добро забележува еден пријател, божемните членски книшки од СДСМ и на Катица Јанева и на Митко Јанчев имаат ист сериски број. Да пукне човек од смеа. Така е кога кецароши сакаат да прават криминал од ваков вид. Пропагандата заснована на криминални постапки мора внимателно да се планира, а за тоа се потребни посебни таленти. Но, бидејќи овие криминогени умови се преполни и со бескрајна суета и ароганција, навикнати на неказнивоста во која уживаат, не се ни трудат многу. И ја потценуваат интелигенцијата на луѓето.

Реалноста е доволно комплицирана и тешка, проблемите се доволно големи, причините за критика се доволно бројни, за да мора да се измислува. Доволно е само будно и искрено да се гледа, размислува, говори и пишува.

Целата колумна на Цивил Медиа на следниот линк.

  Категории:
view more articles

Актуелно

view more articles

Останати вести