Баерн нема избор и ќе го остави Флик до летото

Баерн нема избор и ќе го остави Флик до летото

 

Раководството на Баерн (Минхен) процени дека најдобра опција во моментот е да го остави Ханси Флик како тренер до крајот од сезоната, тврди „АЗ“.
Во принцип, договорот со него требаше да ги доведе Баварците само до крајот на полусезона, откако беше отпуштен Нико Ковач на почетокот на ноември.
Флик започна силно, но потоа дозволи два последователни порази во Бундеслигата, по што екипата падна на седмото место.
Според „Спорт Билд“, газдите сè уште официјално не му предложиле на експертот да остане до летото, но тоа ќе се случи наскоро.