Бачев го поддржа Филип Петровски да биде кандидат за претседател

Бачев го поддржа Филип Петровски да биде кандидат за претседател
1.02.19   14:07

Прочитано : 159

Print This Article

Единствена Македонија како дел од „Македонија-Блокира“ ја поздравува и целосно ја подржува кандидатурата на Филип Петровски за претседател на Конвенцијата на ВМРО-ДПМНЕ што треба да се одржи на 16 февруари во Струга, соопштија од партијата откако Петровски вчера се предложи за претседателски кандидат на ВМРО-ДПМНЕ.

„Единствена Македонија застанува зад кандидатурата на Петровски водејќи се единствено од македонските национални и државни интереси да се порази злото во Македонија кое има свое име. Злото се вика марионетска власт Зоран Заев купена и контролирана од странски центар.

Филип Петровски е кандидатот кој во моментот може да го победи кандидатот на марионетската власт на Заев бидејќи ужива народна подршка не широка основа, односно, не само од членството на ВМРО-ДПМНЕ туку и од големата коалиција „Македонија-Бликира„ во која членуваат 84 организации – партии и здруженија од земјата и дијаспората. Практично, Филип Петровски е кандидат на македонскиот народ и поголем дел од граѓаните.

Во овие тешки моменти за Татковината кога пучистичката власт на Заев бесмилосно руши се што е македонско, го повикуваме раководството на ВМРО-ДПМНЕ да биде на страната на патриотските сили во Македонија, македонскиот народ, поголем дел од граѓаните, Македонците во странство“, велат од партијата.

  Категории:
view more articles

Актуелно

view more articles

Останати вести