Авторите на „Медена земја“ на Оскаровски ручек во Лос Анџелес

Авторите на „Медена земја“ на Оскаровски ручек во Лос Анџелес

– Режисерите на „Медена земја“ Тамара Котевска и Љубомир Стефанов, кинематограферите Самир Љума и Фејми Даут и продуцентот и монтажер на филмот Атанас Георгиев во пресрет на 92-то доделување на наградите Оскар, во Лос Анџелес присуствуваа на  традиционалниот Оскаровски ручек кој за сите номинирани го организира Американската филмска академија.

На овој значаен настан беа и најпознатите личности од светот на филмот – Роберт де Ниро, Ал Пачино, Леонардо ди Каприо, Бред Пит, Квентин Тарантино….

– Колку многу научивме за снимањето филмови од овие ветерани, и еве сме, стоиме рамо до рамо до нив, сфаќајќи што е тоа што ги прави бесмртни легенди: тие се обични смртници кои се родени како сонувачи и ќе умрат како сонувачи. Чест ние е, изјави Тамара Котевска.

На фејсбук-страницата нашиот тим  објави и фотографии со некои од гостите на Оскаровскиот ручек.

Филмот  „Медена земја“ е номиниран за Оскар во две категории – за најдобар документарец и за најдобар странски филм. Номинациите на 13 јануари ги соопшти Американската филмска академија по гласањето на нејзините членови.