Авиони до зајдисонце го гаснеа пожарот на Скопска Црна Гора, исфрлени 35 тони вода

Авиони до зајдисонце го гаснеа пожарот на Скопска Црна Гора, исфрлени 35 тони вода
18.03.19   22:43

Прочитано : 264

Print This Article

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Аднан Џафероски, извести за пожарот на Скопска Црна Гора:

„Пожарот што денес избувна во реонот на Скопска Црна Гора и зафати ниска мешана шума, наложи дејствување на воздухопловите на Дирекцијата за заштита и спасување. Беше дејствувано вкупно седум пати со два авиони, при што беа исфрлени 35 тони вода. Авионите дејствуваа во рамки на можностите до самиот крај на денот, додека дозволуваа условите и беше направено се што е во нивна моќ.

Со оглед на фактот дека никаде во светот не е предвидено да се гасне пожар во ноќни услови, акцијата на воздухопловите на ДЗС траеше до зајдисонце.

Бидејќи, авионите се исклучително скап ресурс и се користат само за непристапни високи предели, апелираме земските служби координирано да дејствуваат на терен, а од воздухопловите да се бара помош само кога има навистина потреба.

Дирекцијата за заштита и спасување упатува апел и предупредување до сите кои работат или се движат на отворен простор да не палат огнови. Апелот посебно се однесува на земјоделците кои интензивно се подготвуваат за пролетната сеидба и ги чистат и палат отпадоците и стрништата на нивите. Апелот се однесува и за оние кои се движат и работат во шумите, на излетниците, но и на сите граѓани, зашто доволно е само мала искра за да се потпали околната нискостеблеста вегетација“, пишува Џафероски.

view more articles

Останати вести