(Аудио) Бомба бр. 3 – Котевски ќе треба да сведочи како му е „бутан“ пиштол во уста на Бошковски

(Аудио) Бомба бр. 3 – Котевски ќе треба да сведочи како му е „бутан“ пиштол во уста на Бошковски
22.05.19   13:22

Прочитано : 1,090

Print This Article
љубе

Иво Котевски, поранешниот портпарол на МВР, ќе биде еден од сведоците кој ќе сведочи на наредното рочиште за случајот „Тортура“, a кој СЈО го отвори поради нечовечното апсење на Љубе Бошкоски во 2011 година, како осомничен во случајот „Кампања“.

Котески е повикан за сведок по предлог на СЈО, бидејќи во доказната постапка беше објавен негов телефонски разговор со тогашната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска. Од разговорот се слушна како Јанкулоска му кажува на Котевски да не ги пуштаат снимките на кои се гледа насилното приведување на Бошкоски, бидејќи тој претходно ја информираше дека постоела снимка каде обвинетиот Ивица Антевски-Пуки му ставил пиштол во уста на Љубе.

Разговорот помеѓу Гордана Јанкуловска и Иво Котевски:

ГЈ: Да?

ИК: Ало, само да прашам зошто ептен нема време, а бараат и веснициве. Фотки?

ГЈ: Дај им бе.

ИК: Имало на снимкиве некои, малку —- како што ми кажа, јас сега се качувам према канцеларија, понасилни, односно.

ГЈ: Па нека одбере поненасилни.

ИК: Така и јас мислам. Легнување на асфалт може, ама Пуки или некој од другиве му бутале пиштол у уста.

ГЈ: Тие нека не ги даваат.

ИК: А легнување на асфалт може така?

ГЈ: Да бе да.

ИК: Тоа е културно што.

ГЈ: Да бе, и цело Скопје го виде.

ИК: Да бе, па и Штрос Кан го апсеа со лисици. Овие морониве од А1 ме прашуваа за ова.

ГЈ: Ок, ај да гледам А1 сега, се договориме за ова.

ИК: А Телма ме прашуваше за убиено дете на плоштад. Идиоти.

ГЈ: Ок, ајде, ајде чао.

  Категории: