Асанж не информираше за самракот на нашата слобода. Ние сме се што му остана

Асанж не информираше за самракот на нашата слобода. Ние сме се што му остана
14.04.19   22:50

Прочитано : 1,423

Print This Article

Конечно и тоа се случи – Џулијан Асанж беше одвлечен од амбасадата на Еквадор и уапсен. Не беше изненадување: многу сигнали укажуваа на ова.

Пред една или две недели, Викиликс го предвиде апсењето, а еквадорското Министерство за надворешни работи одговори со нешто што сега знаеме дека беа лаги. Неодамнешното повторно апсење на Челзи Менинг (во голема мера игнорирано од медиумите) исто така беше елемент во оваа игра. Нејзиното затворање, наменето да ја натера да открие информации за врските со Викиликс, е дел од обвинението што го чека Асанж кога (ако) биде екстрадиран во САД.

TORONTO, ON – SEPTEMBER 08: Actor Slavoj Zizek of “The Pervert’s Guide to Ideology” poses at the Guess Portrait Studio during 2012 Toronto International Film Festival on September 8, 2012 in Toronto, Canada. (Photo by Matt Carr/Getty Images)

Имаше и индиции во долгата, бавна и добро организирана кампања со цел уништување на репутацијата, која достигна најниско ниво што може да се замисли пред неколку месеци со непроверени гласини дека Еквадорците сакаат да се ослободат од него поради неговата лоша миризба и валкани алишта.

Во првата фаза од нападите врз Асанж, неговите поранешни пријатели и соработници објавија тврдења дека Викиликс започнал добро, но потоа заглавил поради политичките позиции на Асанж (неговата анти-Хилари опсесија, неговите сомнителни врски со Русија …). Ова беше проследено со повеќе директни лични клевети: тој е параноичен и арогантен, опседнат со моќ и контрола.

Асанж е параноик? Кога постојано живеете во стан кој е од горе до долу е под надзор, жртва на постојан надзор организиран од тајните служби, кој не би бил? Мегаломанијак? Кога (сега поранешниот) шеф на ЦИА вели дека твоето апсење е негов приоритет, дали ова значи дека вие сте “голема” закана, барем за некого? Дека се однесувате како шеф на шпионска организација? Па, Викиликс Е шпионска организација, иако таа им служи на луѓето и ги информира за тоа што се случува зад сцената.

Клучни моменти за Асанж

Па, да преминеме на големото прашање: зошто сега? Мислам дека едно име објаснува се: Кембриџ Аналитика – име кое е поврзано со се околу Асанж, се против кое се бори, и ја опишува врската помеѓу големите приватни корпорации и владините агенции.

Се сеќаваме колку голема тема и опсесија стана Руското мешање во изборите во САД- сега знаеме дека не биле руски хакери (со Асанж), тие кои ги насочиле луѓето кон Трамп. Наместо тоа, насочени беа од нашите агенции за обработка на податоци кои се здружија со политичките сили.

Ова не значи дека Русија и нивните сојузници се невини: тие најверојатно се обиделе да влијаат врз исходот на ист начин како што тоа го прават САД во други земји (само во овој случај тоа се нарекува помагање на демократијата). Но, тоа значи дека големиот лош волк кој ја искривува нашата демократија е тука, не во Кремљ – и тоа е она што Асанж постојано го тврдеше.

Но, каде точно е овој голем лош волк? За да се сфати целиот опсег на оваа контрола и манипулација, треба да се оди подалеку од врската помеѓу приватните корпорации и политичките партии (како што е случајот со Cambridge Analytica), кон проникнувањето помеѓу компаниите за обработка на податоци како Google или Facebook и агенциите за државна безбедност.

Не треба да бидеме шокирани од Кина, туку од нас самите, кои сме ја прифатиле истата регулатива додека веруваме дека ја задржуваме целосната слобода и дека нашите медиуми само ни помагаат да ги оствариме нашите цели. Во Кина луѓето се свесни дека се регулирани.

Целокупната слика која произлегува од тоа, во комбинација со она што го знаеме и за врската меѓу најновите случувања во биогететиката (на човечкиот мозок и сл.), обезбедува адекватена и застрашувачка слика на нови форми на општествена контрола кои го прават добриот стар “тоталитаризам” од 20-тиот век прилично примитивна и несмасна машина за контрола.

Најголемо достигнување на новиот когнитивно-воен комплекс е тоа што директната и очигледна опресија повеќе не е потребно: поединците се многу подобро контролирани и “поттикнати” во посакуваната насока, кога продолжуваат да се доживуваат себеси како слободни и автономни агенти на сопствениот живот.

Ова е уште една клучна лекција од Викиликс: нашата неслобода е најопасната кога се доживува како медиум на нашата слобода – што може да биде послободно од постојаниот тек на комуникациите кој му овозможува на секој поединец да ги популаризира своите мислења и да формира виртуелни заедници по своја сопствена слободна волја?

Во нашите општества, пермисивноста и слободниот избор се кренати на ниво на врвна вредност, па така социјалната контрола и доминацијата повеќе не можат да ја нарушат слободата на субјектот. Таа мора да се појави како (и да биде поддржана од) самото искуство на поединците како слободни. Што може да биде послободно од нашето непречено сурфање на интернет? Така, денес функционира “фашизмот кој мириса на демократијата”.

Затоа апсолутен императив е да се задржи дигиталната мрежа надвор од контрола на приватниот капитал и државната власт и да се направи целосно достапна за јавна дебата. Асанж беше во право во неговата чудно игнорирана книга Кога Google се сретна со Викиликс (New York: OR Books 2014): кога сфати како нашите животи се регулираат денес, и како оваа регулатива се доживува како наша слобода, треба да се фокусираме на тајната врска меѓу приватниот корпорации кои ги контролираат нашите заеднички и тајни државни агенции.

Сега можеме да видиме зошто Асанж треба да се замолчи: по скандалот во Кембриџ Аналитика експлодираа сите напори на оние што се на власт да го претстават како одредена “злоупотреба” од страна на некои приватни корпорации и политички партии – но каде е самата држава, полу-невидливите апарати на таканаречената “длабоко контролирана држава” (од анонимни елити)?

Асанж се карактеризираше како шпион на и за народот: тој не ги шпионира луѓето за оние на власт, ги шпионира оние што се на власт во корист за народот. Затоа неговата единствена помош мора да дојде од нас, луѓето. Само нашиот притисок и мобилизација може да ја ублажи неговата положба. Честопати се чита како советската тајна служба не само што ги казнувала своите предавници (дури и кога за тоа им требале децении), туку и ревносно се бореле да ги ослободат кога биле фатени од непријателот. Асанж нема држава зад него, само нас – па да го напрвиме она што го правела советската тајна служба, ајде да се бориме за него, без оглед колку долго ќе потрае!

Викиликс е само почеток, а нашето мото треба да биде маоистичко: Нека цветаат сторици Викиликси. Паниката и бесот со кои оние на власт – оние кои ги контролираат нашите дигитални заедници – реагираа на Асанж, што е доказ дека таквата активност ги погодува нервите.

Оваа борба ќе има многу ниски удари – нашата страна ќе биде обвинета за играње во корист на непријателот (како кампања против Асанж дека е во служба на Путин), но треба да се навикнеме на тоа и да научиме да возвратиме назад посилни, безмилосно насочувајќи ги едни против други, за да се срушат сите.

Славој Жижек

Извор: Independent
Превод: Лени Фрчкоска

  Категории: