Арсовски: Зошто Заев не е повикан за сведок во „Рекет“?

Арсовски: Зошто Заев не е повикан за сведок во „Рекет“?
19.08.19   14:47

Прочитано : 200

Print This Article

Зошто Заев, доколку поседува докази, не е повикан ниту за сведок, иако според видеата кои што ги виде целата јавност може да биде и осомничен во целиот случај „Рекет“, прашува денеска портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.

– СЈО и Владата на Зоран Заев немаат веќе никаков кредибилитет. Катица Јанева рекетирала заедно со Бојан Јовановски односно Боки 13, а пола Влада стоела позади нив и им го чувала грбот, вклучително и Зоран Заев, тоа го слушнавме и во видео снимките. Случајот „Рекет“ ја разоткри најголемата криминална мрежа во Македонија, каде што се вмешани врвот на Владата, пратеници, министри, обвинители, исто така и истражители. Сите се дел од мрежа преку која рекетирале милиони евра и уценувале политички неистомисленици. Потенцирам, Зоран Заев имал докази во врска со случајот „Рекет“ и изјавува дека Катица Јанева правела идиотски постапки. Како е можно Премиерот на државата кој не треба да се меша во судската власт да поседува докази кога и тој самиот може да биде осомничен според видео снимките кои ги виде целата јавност каде што и самиот тој ја споменуван од осомничените? Какви докази поседува Зоран Заев и за кого поседува докази? – вели Арсовски.

Тој го повтори ставот на партијата дека се за предвремени парламентарни избори што побрзо.

  Категории: