Апелирам до Полицијата да се воздржи од употреба на сила секогаш кога тоа е можно

Апелирам до Полицијата да се воздржи од употреба на сила секогаш кога тоа е можно
18.06.18   00:50

Прочитано : 2,997

Print This Article
loading...
loading...

Апелирам до Полицијата да се воздржи од употреба на сила секогаш кога тоа е можно, односно кога нема да има непосредна и директна закана врз нивната лична безбедност, или обид за насилен влез во Собранието. Макар и да бидат исполнети некои од другите услови за примена на сила кон група.

Не смееме да дозволиме понатамошна ескалација на ситуацијата и мораме да избегнеме полициска бруталност. Но, мораме да внимаваме и на дезинформации и ширење лажни вести.

Што се однесува до оние кои не се сеќеваат на употреба на сила, солзавци и шок бомби за време на Шарената револуција или во годините пред неа – ние се сеќаваме. Секогаш кога кон полицијата беа фрлани камења, шишиња или бакљи. Некогаш и почесто од тоа.

Разликата е во тоа што за време на Шарена, само првите два дена имаше насилство – кога немаше никаква организација на протестите. По вториот ден, немаше ниту еден протест со насилство од демонстрантите кон полицијата.

А тоа не беше случајно.

Павле Богоески

  Категории: