Антисемитизмот нагло се зголемува низ цела Европа

Антисемитизмот нагло се зголемува низ цела Европа
17.02.19   18:54

Прочитано : 827

Print This Article

Антисемитизмот нагло се зголемува низ цела Европа, велат експертите по објавувањето на податоците според кои во Франција забележан е пораст од 74 отсто на престапите против Евреите минатата година, а Германија соопшти дека бројот на насилни антисемитистичките напади се зголемил за повеќе од 60 отсто.

Статистиката ги потврдува резултатите од трите неодамнешни истражувања во Европа според кои евреите се чувствуваат загрозени и се соочуваат со значително поголема агресија, во услови на значително поларизирано политичко опкружување и генерално зголемен говор на омраза.

Минатата недела француското Министерство за внатрешни работи соопшти дека регистрирани инциденти на антисемитизам минатата година се зголемиле на 541 за разлика од 2017 кога биле регистрирани 311 напади, додека германската влада соопшти дека прекршоците мотивирани од омраза кон Евреите се во голем пораст односно минатата 2018-та година  e рекордна во споредба со претходните девет со 1,646 напади. Физичките напади се зголемиле од 37 на 62, доведувајќи 43 лица во ситуација на неопходен медицински третман.

Францускиот претседател Емануел Макрон пред министрите го осуди овој тренд како “неприфатлив” и изјави дека антисемитизмот во Франција е “отфрлање на Републиката и нејзините вредности”. Петра Пау, пратеничка на германската партија “Die Linke”, рече дека се повеќе и повеќе луѓе си даваат слобода да “го негираат Холокаустот и да се ангажираат во антисемитистичка агитација”.

Во најголемото истражување за формите на антисемитизам по анализа на податоците од 16.000 евреи во 12 европски земји Агенцијата за фундаментални права на ЕУ заклучила дека на крајот од минатата година антисемитистичкиот говор на омраза, малтретирањето и растечкиот страв на евреите  во извесни околности да бидат препознаени како такви станува секојдневна појава.

-Децениите по холокаустот, шокантно е зголеменото ниво на антисемитизам кое  продолжува да ја мачи ЕУ. Еврејскиот народ има право да живее слободно, без омраза и без страв за својата безбедност – вели директорот на ФРА, Мајкл О’Флаерти.

Во извештајот се наведува дека 90% од испитаниците сметаат дека антисемитизмот расте во нивната земја, а 30% биле малтретирани. Над една третина избегнува да оди на еврејски настани или локации поради стравувањата за безбедноста, додека истиот процент размислува да емигрира. Речиси 80% повеќе не ги пријавуваат мали инциденти, бидејќи сметаат дека “ништо нема да се промени”.

Анкета на Евробарометар на ЕУ објавена минатиот месец открива дека се шири јазот меѓу јавната перцепција за антисемитизмот и онаа на еврејската заедница: додека 89% од анкетираните евреи велат дека антисемитизмот “значително се зголемил” во изминатите пет години, само 36% од општата јавност чувствува дека е така.

Друга голема неодамнешна анкета за ставовите на јавноста за Си-Ен-Ен откри дека повеќе од една петтина од 7.000 лица анкетирани во седум земји веруваат дека еврејскиот народ има премногу влијание во финансии и политика, додека 34% сметаат дека знаат малку или ништо за Холокаустот. а 32% сметаат дека Евреите го користат Холокаустот за да ја “унапредат својата позиција”.

Друга голема анкета направена за потребите на Си-Ен-Ен откри дека повеќе од една петтина од 7.000 лица анкетирани во седум земји веруваат дека еврејскиот народ има преголемо влијание во финансиите и политика, додека 34% сметаат дека знаат малку или ништо за Холокаустот , а 31% сметаат дека Евреите ја користат историјата и Холокаустот  за да ја “унапредат својата позиција”.

Изгледа дека одговорноста лежи во комбинација на фактори. Во изминатите две децении, антисемитистичките напади во Европа достигнаа врв паралелно со тензиите на Блискиот Исток. “Тие беа во суштина увезен израелско-палестинскиот конфликт. Наместо да напаѓаат Израелци, одеа по Евреите – изјави Марк Кнобел, историчар во групата Криф организација на повеќе француски еврејски организации. ”

-Но, од почетокот на минатата година сведоци сме на повторното оживување на екстремно десничарска политика на идентитетот, која не се двоуми своите верувања да ги стави во акција – рече за Le Monde Фредерик Потиер од антирасимистичкото и антирасистичкото тело на француската влада – Дилкри.

Кнобел вели дека табуата околу антисемитизмот “направиле се но не исчезнале”, и укажа на повторното појавување на долготрајните антисемитски тропи кои ги поврзуваат Евреите со парите. Во Франција, на пример, самото тоа што Макрон претходно работел за банка Ротшилд “ги поттикнало гласините”.

Експертите опишуваат “совршена бура” за антисемитистички напади во комбинација со зголемено влијание на екстремно десничарските групи и влади; подемот на теориите за заговор за наводниот глобален ционистички заговор (и степенот на циркулација на социјалните медиуми); и општо зголемување на насилството во јавниот дискурс.

Иако најновиот пораст на антисемитистичките инциденти во Франција започна пред појавата на жолтите елеци, дел се случија за време на нивните саботни. Една неодамнешна анкета покажа дека скоро половина од демонстрантите на жолтите елеци веруваат во “ционистички заговор”.

Во Германија, дом на третата по големина еврејска заедница во Европа по Франција и Велика Британија, екстремно десничарската партија Алтернатива за Германија (АФД) е се почесто обвинувана за поттикнување омраза кон бегалците, муслиманите и Евреите.

Ко-лидерот на партијата, Александар Галан, го опиша Холокаустот како “мала птица која паѓа во повеќе од 1.000 години успешна германска историја”, додека уште член на АФД, Бјорн Хочек, споменикот на Холокауст во Берлин го нарече “споменик на срамот”.

Голем прилив на претежно муслимански бегалци и мигранти во Германија од 2015 година, исто така, доведе до зголемување на антисемитските напади од страна на мигрантите од арапските држави, иако бројките покажуваат најголемиот дел од насилство врз Евреите е извршено од екстремно десничарски поддржувачи. “Милитантните десничарски екстремисти сега отворено повикуваат на сквернавење на еврејските институции и напади врз еврејскиот народ”, рече Пау.

Некои влади, особено во Источна Европа, се обвинети дека во најдобар случај го толерираат расизмот и антисемитизмот, а во најлош случај го поттикнуваат тоа. Унгарската екстремно десничарска партија Фидес, предводена од премиерот Виктор Орбан, водеше кампањи против мигранти демонизирајќи го Џорџ Сорос, еврејски финансиер од Унгарија.

Во неодамнешната анкета на Си-ен-ен 42 отсто од анкетираните Унгарци изјавија дека сметаат дека Евреите имаат преголемо влијание врз светските финансии и меѓународните односи. Додека во просек еден од 10 Европејци велеле дека лично имале “неповолен став” кон Евреите, бројката се зголемила на речиси 15% во Полска и 19% во Унгарија.

Европскиот совет на крајот од минатата година усвои декларација со која ги повикува сите членки на ЕУ да ги зголемат напорите за “спречување и борба против сите форми на антисемитизам”, како и “да ја гарантираат безбедноста на еврејските заедници, институции и граѓани”.

Но, Агенцијата за фундаментални права објави дека “бран” на антиеврејскиот криминал од омраза им се заканува на “самите вредности на кои е изграден сојузот”.

По свастиките нацртаните на портрети на поштенското сандаче на Симон Веил, покојната французинка политичарка која го преживела Холокаустот, нејзиниот син Жан Веил, за радио РТЛ изјави “конелно, сите знаевме дека лепрозните се сè уште тука”.

извор: Гардијан

превод: Лени Фрчкоска

 

 

 

  Категории: