Антикорупциска решава за приговори од ВМРО-ДПМНЕ – разговор во Студио 1

Антикорупциска решава за приговори од ВМРО-ДПМНЕ – разговор во Студио 1
17.04.19   16:28

Прочитано : 59

Print This Article
Jana i Chalo

Првиот блок од денешното Студио 1 почнува со линковско јавување од седницата на Антикорупциската седница, на која се одлучува по четирите приговори поднесени од ВМРО-ДПМНЕ за прекршување на, како што тврдат, Изборниот законик и Законот за антикорупциска. На предлог на заменик-претседателот на Антикорупциска, сите членови прифатија самоиницијативно да покренат уште два нови предлози за постапка.

-ВМРО-ДПМНЕ поднесе четири приговори до Антикорупциска. Првиот се однесува на Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој и тврдат дека, спротивно на Изборниот законик, во изборен период, кога е забрането, им исплатиле 77 милиони денари на 2048 лозари. Антикорупциска ги оцени сомневањата на ВМРО-ДПМНЕ како основани и предложи да се оформи предмет, известува новинарката Искра Опетческа.

Вториот приговор по кој е отворена постапка се однесува на договорот што општина Гази Баба го склучила со агенција за осигурување за чување на 11-те основни училишта и двете детски градинки. Антикорупциска расправа за третиот и четвртиот предмет, дали ќе бидат отворени постапки против градоначалникот на Ново Село, затоа што дал согласност за вработување на 10 луѓе во општината и против градоначалникот на Штип дека ги користел, како што тврдат, пожарната служба и јавните претпријатија Македонски шуми и Македонија пат, за делење дрва на социјална категорија луѓе во предизборен период.

Самоиницијативно Антикорупциска отвори предмети против Министерството за земјоделство поради сомневања за исплаќање на тутунопроизводителите во изборен период и против порталите „Лидер“ и „Република“ за објавена информација дека директорот на ЈП Комуналец се појавил на работното место со партиска маичка.

Освен линковското јавување од Антикорупциска, новинарите Јана Јосифоска и Влатко Чаловски потсетија на разговорите во вчерашното отворено Студио 1 и ги најавија денешните.

Целото Студио 1 можете да го погледнете во видеото.

  Категории:
view more articles

Актуелно

view more articles

Останати вести