Антикорупциска ќе испитува како се избираат канцелариите за поранешните претседатели

Антикорупциска ќе испитува како се избираат канцелариите за поранешните претседатели
22.05.19   15:15

Прочитано : 33

Print This Article
антикорупциска

Државната комисија за спречување корупција и судир на интереси (ДКСК) на денешната седница отвори постапка со кој ќе се испитува можен судир на интереси при изборот на канцелариските простории на поранешниот претседател на државата Ѓорги Иванов.

Претседателката на Антикорупција Биљана Ивановска информира дека ќе се продолжи  со испитување за тоа дали постои процедура односно на кој начин се избираат канцелариските простории што треба да ги користат поранешните претседатели, а се платени од буџетот.

– Дали претседателот има неприкосновено право да си каже и најскапиот простор да го користи како канцелариски или во рамки на нашите можности на нашиот скромен буџет ќе се определи службен простор или ќе се додели од некои постојни службени простории со кои располага држава, изјави претседателката на ДКСК.

  Категории:
view more articles

Актуелно

view more articles

Останати вести