Анима мунди: Ветеринарен инспектор поддржува борби со кучиња!

Анима мунди: Ветеринарен инспектор поддржува борби со кучиња!
5.01.16   17:54

Прочитано : 1,450

Print This Article

Соопштение на Амина Мунди:

Според информациите што ги добивме од загрижени граѓани и пред се информациите од порталот Centarnews, ветеринарен инспектор од Агенцијата за храна и ветеринарство, на својот фб профил објавува, поддржува и,најверојатно одржува фејсбук страници за организирани борби со кучиња.
http://centarnews.net/HQ/mk/index.php/news/mk/item/12468-voznemiruvachko-video-skandal-veterinaren-inspektor-poddrzhuva-borba-so-sharplaninci

borba kucinja
Станува збор за лицето Диаз Т., по професија ветеринар, лице вработено како инспектор во Агенцијата за храна и ветеринарство кој, наместо да работи во рамките на своите надлежности и да ги штити животните, работи спротивно на законот и своите должности и овластувања.
Да се поддржуваат борби со кучиња од страна на ветеринарен инспектор претставува срам и огромен скандал, при што се врши ненадоместлива штета на угледот на АХВ и прави да граѓаните воопшто немаат доверба во оние кои се должни и платени животните да ги штитат согласно закон.

Од овие исти причини не не зачудува фактот што, иако се поднесени бројни пријави за организирани борби со кучиња, до сега немаме добиено податок дека некогаш некој бил казнет.

Ваквото однесување претставува срам и злоупотреба на професијата ветеринарен инспектор и бараме Агенцијата за храна и ветеринарство ургентно да постапи, покрене дисциплинска постапка и ќе го разреши од должност ова лице.

  Категории:
view more articles

Останати вести