Анима Мунди: Се расфрла отров по училишта – казна затвор за трујачи се уште нема!

Анима Мунди: Се расфрла отров по училишта – казна затвор за трујачи се уште нема!
2.03.16   14:37

Прочитано : 555

Print This Article

Здружение за заштита на животни „АНИМА МУНДИ” информира за низа случаи на убиства на животните кои се игнорираат, а за кои нема казни.

Bentli otruen

„Вчера е расфрлан отров во училишниот двор во оу „Владо Тасевски” за време на работна смена на учениците, при што е убиено кутре кое било миленик на децата – кутрето умирало во најтешки маки, а на децата не им било дозволено да излезат надвор од страв да не се затрујат. Отровот кој бил расфрлан бил со толку силно дејство што и со вдишување бил смртоносен. За целата случка не информираа преплашени родители. На истата локација бил расфрлан отров и минатата недела , при што се убиени повеќе животни, од кои и Бентли, кучето миленик на Ана.

Ќе се превземе ли нешто за да се фати овој сторител, како и сите други кои убиваат животни? Ќе се стави крај на ова монструозно дивеење по улиците, парковите, тревниците преку конечно изрекување на казна затвор за лице кое злоупотребува отровни материии, врши кривично дело мачење на животни, предизвикува општа опасност?

За овој секојдневен национален проблем викендов во Охрид протестираше здружението за заштита на животни Анималија, но реакции од општината нема.

Бараме најстроги затворски казни и итно ограничување- контрола на слободната продажба на високо токсични материи, кои се злоупотребуваат за труење на животни и со чија примена се изложува силно се загрозува и безбедноста на секој еден во Република Македонија“, стои во соопштението на Анима Мунди.

  Категории:
view more articles

Актуелно

view more articles

Останати вести