Ангеловска: Економијата во добра кондиција, реални очекувањата за раст од 3,5 отсто

Ангеловска: Економијата во добра кондиција, реални очекувањата за раст од 3,5 отсто
18.10.19   09:57

Прочитано : 39

Print This Article

– Македонската економија е во добра кондиција и реални се очекувањата земјата да стаса до раст од 3,5 отсто, оценува министерката за финанснии Нина Ангеловска по нагорната ревизија на проекцијата за економскиот раст на државава во најновиот извештај на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ).

Ангеловска во интервју за Гласот на Америка на македонски јазик во тек на учеството  на Годишните средби на ММФ и Групацијата на Светска банка (СБ) во Вашингтон, истакнува дека економијата бележи раст на широка основа.

– Кога споменувате за корекцијата на ММФ за светската економија добро е да се каже дека втор пат ММФ нагорно го корегира растот на македонската економија. Ова е најнов податок од вчера и растот е проектиран на 3,2 проценти, односно ревидиран по првата ревизија во април, што значи дека добри се изгледите за растот на македонската економија.  Добро е што може да се каже дека зборуваме за раст на една широка основа, при раст на инвестициската активност, раст на градежништвото, на потрошуваката, на извозот, кредитирањето на приватниот скетор. Оттука си даваме за право да кажеме дека македонската економија е во добра кондиција, се движи одлично и оти е реално очекувањето да достигнеме проектираниот раст од 3,5 проценти, што воедно е проекција на Министерството за финансии и на Народната банка, вели Ангеловска.

ММФ во вчерашниот извештај ја ревидира стапката на раст за македонската економија годинава од три во априлската прогноза на 3,2 проценти. За наредната година ММФ предвидува раст од 3,4 отсто, а до 2024 година 3,5 отсто.

Од земјите во регинот годинава најголем раст се прогнозира во Косово од 4,2 отсто, 3,5 отсто Србија, три отсто Црна Гора, Албанија и Хрватска. За наредната година се предвидува раст од четири отсто во Косово и Албанија, 3,5 во Србија, 2,7 во Хрватска, 2,5 во Црна Гора.

До 2024 годинаво во регионот растот ќе достигне до четири отсто во  Србија, Албанија и Косово, БиХ три отсто, Црна Гора 2,9 и Хрватска два отсто.

ММФ ја намали прогнозата за растот на светската економија на три отсто, што е 0,2 процентни поени пониска од последната априлска прогноза.

На средбите во Вашингтон, делегацијата предводена од гувернерката на Народната банка Анита Ангеловска -Бежовска и министерката Ангеловска, оствари повеќе работни состаноци со претставници на меѓународните финансиски институции и организации.

 

 

  Категории:
view more articles

Актуелно