Ангеловска: Ако енергијата за политичко поентирање се трошеше на работа, многу побрзо ќе се развиваме

Ангеловска: Ако енергијата за политичко поентирање се трошеше на работа, многу побрзо ќе се развиваме

Граѓаните се уморни од дневнополитички препирки и ако енергијата која се троши на политички меѓупартиски препукувања и дневно поентирање кон работа и конструктивност, економијата и општеството ќе имаа многу подобри резултати, одговори денеска министерката за финансии Нина Ангеловска на новинарско прашање на дневен настан за обвинувањата за нетранспарентност и несоработка од страна на дополнителната заменик министерка Гордана Димитриескa-Кочоска.

-Сметам дека граѓаните се малку уморни од овие дневно политички обвинувања и обиди за наслови во медиуми наместо да се работи. Не е проблем, ние ги одговараме сите барања, немаме што да криеме, сѐ што работи Министерството за финансии е најтранспарентно, не знам дали била работата потранспарентна. Замислете целата таа енергија која се троши на дневно политички меѓупартиски препирки, препукувања и обвинувања се насочи кон барање на решенија, солуции, конструктивна дебата, замислете како може да се движи нашата земја и да се менува нашиот ментале склоп. Јас би повикала на тоа – со позитивна енергија со желба за работа да се обидеме да ја насочиме енергијата онаму каде што е потребно за доброто на нашата земја и за доброто на граѓаните – рече Ангеловска.

Ангеловска и посочи дека транспрентноста е на највисоко ниво, како и дека до крајот на неделата ќе се пушти новата алатка за транспарентност на јавниот долг.