Андонов: Не знам дали сум нов директор на „Јасен“

Андонов: Не знам дали сум нов директор на „Јасен“
24.04.17   17:18

Прочитано : 263

Print This Article

Еднодневниот министер за внатрешни работи, Оливер Андонов за Фокус ниту потврди, ниту негираше дека е поставен за нов директор на јавното претпријатие „Јасен“.

Порталот А1он објави дека Андонов е поставен за нов директор на шумскиот резерват, само неколку дена откако неделникот Фокус објави дека едно од сценаријата кои ги разгледува власта за спас на своите поранешни и сегашни функционери, е токму од ова место да организира апсење на „пучисти“, откако претходно ќе прогласи воена состојба.

„Не знам дали сум поставен за директор, кога ќе добијам документ дека сум именуван тогаш ќе можам да зборам, се дотогаш е се во сфера на шпекулации. Треба да видам, да идам таму да се јавам, некој можеби ме предложил, тие институции функционираат со Управен одбор. Кога ќе добијам таква одлука ќе коментирам“, изјави Андонов за Фокус.

Оливер Андонов на јавноста и стана познат откако стана министер за внатрешни работи на само еден ден, по што си поднесе оставка. Тој беше предложен од Владата како техничко решение, за потоа Митко Чавков, кој дотогаш беше министер да може да биде назначен за директор на Бирото за јавна безбедност. Андонов важи за близок и човек од доверба на партијата ВМРО-ДПМНЕ.

Според пишувањето на „Фокус“ постои план Ѓорге Иванов да прогласи вонредна состојба доколку мнозинството во парламентот избере спикер, а потоа и нова влада. Весникот пишуваше дека Иванов неодамна бил во мисија на подготовка на објектите за сместување на Груевски, Иванов и на нивните семејства за време на евентуална воена состојба.