Анализа во Студио 1 – Дали Либија ќе биде новата Сирија?

Анализа во Студио 1 – Дали Либија ќе биде новата Сирија?
17.04.19   16:15

Прочитано : 106

Print This Article
андоновиќ

Во денешната анализа со Дејан Антоновиќ, фокусот за вестите од светот беше насочен за тензичната ситуација во Либија, односите меѓу Русија и НАТО и хакерските напади поради апсењето на Асанж.

Во Либија продолжуваат престрелките, а најстрашно е што генералот Хафтар го има опкружено Триполи и се подготвува за долгорочна опсада. Тој прави воен обрач околу Триполи, а со изгладнување на населението има намера да дојде до конечно предавање на власта. Самите изјави на либиските официјални претставници се дека воените дејствија предизвикуваат мигрантска криза, а меѓу нив се инфилтрираат исламски радикални ликови кои прават терористички напади. Изминатите два дена Русија се обвинува дека стои зад генералот Хафтар и дека има интерес да ја направи Либија нова Сирија.

Според последните информации, НАТО И Русија не се во добри односи, односно тие имале подобра комуникација за време на Студената војна отколку сега и тоа поради тензиите за геостратешките поместувања и тоа што се случува долж целата граница со Русија.

Еквадор и европските институции трпат 40 милиони хакерски напади поради апсењето на Асанж. Со тоа се потврдува заканата на „Анонимуси“.

Целата анализа погледнете ја во видеото.

  Категории:
view more articles

Актуелно

view more articles

Останати вести