Анџелина Џоли евакуиранa од снимање поради бомба

Анџелина Џоли евакуиранa од снимање поради бомба
5.11.19   15:54

Прочитано : 225

Print This Article

Актерката Анџелина Џоли и нејзиниот колега актерот Ричард Маден проживеале вистински шок и страв за своите животи, кога била пронајдена бомба на сетот на филмот „The Eternals“, кој е дел од франшизата за суперхероите на Марвел, јавува „Метро“.

Целата филмска екипа морала итно да биде евакуирана во Фуертевентура во Канарските острови, а продуценти во паника ги повикале пиротехничарите да ја деактивираат и отстранат експлозивната направа за која не знаеле од каде се создала.

За среќа, пиротехничарите успеале да ја деактивираат бомбата, која веројатно заостанала од Втората светска војна, и снимањето на филмот можело да продолжи. Но, шокот и стравот меѓу екипата и актерите траела уште извесно време, особено за Анџелина која со себе ги повела своите деца.- Беше страшно. Таа бомба веројатно лежела таму со децении и можеше да се активира на најмало тресење или треперење – рекол извор за британскиот „Сан“. Островот во склоп на Канарските острови, на кој снимале, наводно било германска воена база за време на Втората светска војна.

Инаку, Анџелина ги повела и своите пет малолетни деца на снимањето, 13-годишната Шилох, 11-годишната Нокс, 14-годишната Захара, 15-годишната Пакс и 11-годишната Вивиен, но тие во тој момент биле на безбедно во хотелот на другиот остров, додека најстариот, 18-годишниот син Медокс е во студио во Јужна Кореја. Ден пред инцидентот со бомбата, актерката уживала со своите деца во возењето со брод околу островот.

  Категории: