Анѓушев: Ако не обезбедиме кредити ќе нема ни за плати, а не дали и колку да се намалат

Анѓушев: Ако не обезбедиме кредити ќе нема ни за плати, а не дали и колку да се намалат

Кочо Анѓушев, екс вицепремиерот за економија во владата на Зоран Заев вечерва за тв 21 рече дека од 3,7 милијарди евра како што е проектиран годинашниов буџет, од кризата од корона вирусот, на државата ќе и фалат дури 2 милијарди евра . Тој вели дека излезот од ваквата состојба е што побрзо државата како и сите држави во светот, да земе кредити и додаде „ако сега и не е доцна“.

Прашан што мисли за мерките што ги предложи Зоран Заев пред се околу мерката сите во администрацијата да земаат плата од 14.500 денари во април и мај, Анѓушев рече дека ги следи реакциите околу овој предлог и смета дека не се коментира за клучното прашање односно не дали да земаат по 14.500 туку и дали државата ке има пари во буџетот за воопшто да им даде плати ако државата не превземат итни мерки .