Американски борбени авиони исфрлија 40 тони експлозиви за да уништат позиции на ИД

Американски борбени авиони исфрлија 40 тони експлозиви за да уништат позиции на ИД
12.09.19   16:10

Прочитано : 180

Print This Article

Воени авиони на американските сили исфрлиле 40 тони експлозиви на мал остров во северниот дел од Ирак за да уништат позиции на Исламска држава, објави британски Телеграф.

Авиони Ф-15 и Ф-35 биле користени во заедничка операција на силите на САД и на Ирачките антитерористички сили. Цел на бомбардирањата бил малиот остров Канус во реката Тигар.

Според американската армија, биле исфрлени 36.000 килограми експлозиви.

Островот бил користен како скривалиште на борци од ИД кои ги загубиле териториите во Сирија и во Ирак. И покрај тоа, џихадистите контролираат се уште мали реони во Ирак.

  Категории: