Американска амбасада: Новата амбасадорка ја проба гостиварската баклава и смета дека е превкусна

Американска амбасада: Новата амбасадорка ја проба гостиварската баклава и смета дека е превкусна
14.07.19   10:59

Прочитано : 328

Print This Article

Новата амбасадорка на САД, Кејт Мери Брнс, првите денови од нејзиниот мандат во земјава ги помина во Охрид каде се сретна со премиерот, Зоран Заев. На пат назад за Скопје, Брнс се пофали на социјалните мрежi дека ја пробала гостиварската баклава. Таа ги прашува граѓаните што предлагаат друго да проба додека патува низ земјава.

„На пат назад за Скопје, амбасадорката Брнс ја проба познатата Рекорд баклава во Гостивар и смета дека е апсолутно превкусна. Што предлагате амбасадорката Брнс да проба додека патува во Скопје и низ земјата?“, стои на официјалниот фејсбук профил на американската амбасада.

  Категории: