Амбасадорот Тимоние препорача општина Гостивар и МОН да ги надминат проблемите со ингеренциите

Амбасадорот Тимоние препорача општина Гостивар и МОН да ги надминат проблемите со ингеренциите
11.07.19   14:43

Прочитано : 477

Print This Article

Амбасадорот на Франција во нашата земја Кристијан Тимоние, при денешната посета на општина Гостивар се запознал со состојбата во образованието и проблемите кои настанале со одземање на ингеренциите на градоначлникот во делот на назначување на директори во училиштата.

Тој смета дека за надминување на проблемите двете страни, локалната самоуправа и Министерството за образование и наука треба да разговараат директно.

– Имав можност да ги слушнам аргументите на преставници од секоторот за образование и ме запознаа со случајот. Оваа работа ќе се надмине со дијалог во интерес на учениците. Вие чекорите кон Европа и треба да дадете пример за добра соработка и несогласувањата да се решаваат со компромис, подвлече Тимоние.

Неговиот домаќин градоначалникот на општина Гостивар, Арбен Таравари напомена дека освен за делот во образованието, за кое нагласи дека втор пат му се одземени ингеренциите, имале и разговор на други теми.

– Амбасадорот Кристај Тимоние е еден од поактивните амабсадори во нашата земја и многу ни помага. Добрите пријатели ве критикуваат директно и тоа ви кажуваат во очи како да напредувате и ни посочува како да одиме по европскиот пат, како на Северна Македонија, така и на општина Гостивар, изјави Таравари.

На средбата било разговарано и за евентуални инвестиции кои би се реазлизирале преку посезна агенција која се планира да биде формирана во Општината. – Разговаравме и за можноста да конкурираме за некои проекти, рече Таравари.

На новинарско прашање околу можноста за формирање ново мнозинство околу Алијанста на албанците во општинскиот совет, Таравари рече дека е оптимист, бидејќи, нагласи, некои од членовите на ДУИ се под притисок и имаат желба да ја напуштат партијата, но за тоа ќе информира кога ќе има поконкретни информации.

  Категории: