„Алијанса за Албанците“ ја промовираше изборната програма во Тетовско

„Алијанса за Албанците“ ја промовираше изборната програма во Тетовско
21.11.16   23:35

Прочитано : 634

Print This Article

Коалицијата „Алијанса за Албанците“ попладнето во тетовско ја промовираше изборната програма и кандидатите за пратеници за престојните парламентарни избори што се закажани за 11 декември.

aleansa

На промоцијата говореа Зулфи Адили од Алијансата, Гзим Острени од Унитети и Зијадин Села од „Движење за реформи“ на ДПА кој е носител на листата во Шестата изборна единица.

Села како носител на листата во Шестата изборна единица најави дека доколку победат, албанскиот јазик ќе стане службен. – Ќе мора да има правилна распределба на буџетот. Ќе се залагаме со Устав да го регулираме СЈО, рече Села.

Гзим Остреми рече дека верува во реализација на нивната изборна програма која предвидува остварување на правата на Албанците за употреба на знамето и јазикот.

  Категории: