Али, Грујо и ГДОМ

Али, Грујо и ГДОМ
3.03.16   20:33

Прочитано : 9,130

Print This Article

stojance angelov

Стотина подржувачи на ДУИ повторно шират омраза. Овојпат омраза против крстот. За среќа го имаме Граѓанското движење за одбрана на Македонија (ГДОМ) со Миленко, Шанац, Мирка, Пандов… Они сега ќе им покажат на овие иредентистите од ДУИ. Непознат човек само што ми јави дека ги забележал како чекаат во заседа во близина на крстот. Шанац маскиран во возрасна жена со шамија на главата, Миленко маскиран во вид домашно животно, Мирка маскирана во маж облечен во шатор а Пандов маскиран во насмеан идиот.

Во меѓувреме демонстрантите ја срушиле оградата а Миленко уште не командувал напад. Ја слушал Мирка како анализира дека од геостратешки аспект овој напад може да предизвика бура која ќе предизвика нарушување на односите помеѓу Америка и Русија, Франција и Германија. Шанац се правдал дека не е тој за такви насилни работи бидејки ако имал “муда“ немало да се маскира во жена. Миленко само што сакал да викне “во напад“ кога му текнало дека заборавил да ги нахрани козите. Пандов на тоа само се насмевнал додавајки дека врз основа на неговите сеопфатни анализи има време за одбрана на Македонија.

И сега повторно ќе морам јас. Да ја бранам државата од договорот на Ахмети и Грујо да ја турнат државата во меѓуетнички кофликт.

Стојанче Ангелов – Фејсбук статус

  Категории: