Албанските емигранти во првото тромесечие испратиле 150 милони евра

Албанските емигранти во првото тромесечие испратиле 150 милони евра
11.06.19   11:43

Прочитано : 204

Print This Article

Депозитите на албанските емигранти, кои главно работат во еврозоната, остануваат значаен избор на приходи за економијата на Албанија.

Според Централна банка на Албанија во првото тромесечие од годинава депозитите од албанските емигранти изнесувале 150 милони евра,што е речиси идентичен износ со истиот период минатата година.

Во текот на минатата година дознаките достигнале износ од 670 милони евра и забележале раст од 5,3 отсто споредено со 2017 година.

Официјалните податоци потврдуваат дека во перидот 2007/2018 година емигрантите во Албанија трансферирале над 8 милијарди евра. Оваа бројка е приближно 70 отсто од вкупниот национален производ во албанската економија, односно колку два државни буџета заедно.

Депозитите кулминација достигнале во 2007 година кога се регистрирани 951 милион евра. Но,откако еврозоната ја зафати финансиска криза, која посебно ги погоди Грција и Италија, каде има најмногу албански емигранти, при што добар дел останаа без работа, приливот на депозити се намалува. Минимумот тие го достигнаа во 2013 година, кога изнесуваа 545 милони евра.

Депозитите на емигрантите и понатаму, за илјадници семејства, претставуваат главен извор на приход, кој ја ублажува сиромаштијата и социјалните проблеми.

  Категории:
view more articles

Актуелно

view more articles

Останати вести