Албанија: Студентските протести се шират – владата попушта

Албанија: Студентските протести се шират – владата попушта
6.12.18   18:20

Прочитано : 1,519

Print This Article

Студентските протести во Албанија денеска покрај Тирана се проширија и во Драч, Елбасан и Корча. Денешните протести ги карактеризира и зголемената масовност на студенти од речиси сите државни факултети.

  Делови  од центаrот на  Тирана неколку часови беа целосно блокирани. И покрај тоа што министерството за образование го обезбедуваат голем број на припадници на полицијата, сепак до овој момент нема судири помеѓу демоnстрантите и припадниците на јавниот ред и мир. На неколку наврати кон зградата на министерството беа фрлани тоалетни хартии и други предмети, но полицијата не реагираше.

Напладне министерката за образование на Албанија, Линдита Никола, изјави дека  тарифите за студирање не се покачени, и додаде дека ако има одредени промени во однос на другите студентски плаќања  тоа се одлуки на Универзитетите, а не на министерството. По оваа иззјава студентите не се повлекоа и нагласија дека тие бараат исполнување на четири барања, кои се однесуваат  не само на тарифите за кои сметаат дека се покачени туку и плакање на тарифите на  рати и други ослободувања на студентите .

Владата во Тирана најави дека попладне повторно ке се обрати министерката за образование за да го изнесе конечниот став на владата на Еди Рама околу барањата на студентите .

Во меѓувреме опозицијата во Албанија дава силна подршка на протестите кои добиваат во динамика . Провладинииот печат во Албанија оценува дека протестите на студентите ги организира и опозицијата.

К.М.

  Категории: