Актерството не познава јазични бариери – разговор со Бајруш Мјаку

Актерството не познава јазични бариери – разговор со Бајруш Мјаку
11.06.19   21:09

Прочитано : 91

Print This Article
бајруш-мијаку-2

Бајруш Мјаку беше годинешниот добитник на наградата за животно дело на театарскиот фестивал „Војдан Чернодрински“. Тој е актер, режисер  и продуцент, а за улогите кои ја одбележале неговата кариера и идејата за театар за деца на албански јазик, Мјаку зборуваше во Отвореното Студио 1 со уредникот Александар Чомовски.

-Со оваа награда што ни беше доделена има и такви што мислат дека со ова сме ја заокружиле кариерата, а јас велам дека тука ќе почнува новата ера. Има доста улоги за кои можеме да разговараме, можеби и со часови, но не можеш да ги одвоиш улогите, како што не можеш да ги одвоиш прстите од раката бидејќи секоја си има своја функција. Покрај Бал, Карло Петти, кралот Лир, убеден сум дека Попришкин е нешто што е над сите и отскокнува од многу други, рече Мјаку.

Во текот на својата актерска кариера вели дека играл улоги на различни јазици.

-Сум бил принуден да играм сцени во првиот меѓапроект во Стокхолм и на вториот Хотел Европа, на италијански, на франуски, секаде каде што сме играле сме одиграле по една сцена на јазикот на земјата каде играме, истакна Мјаку.

Целиот разговор со Бајруш Мјаку можете да го погледнете во видеото.

  Категории:
view more articles

Актуелно

view more articles

Останати вести