Ако победи ВМРО-ДПМНЕ арамија ќе биде СДСМ на кој со друг аршин ќе му се суди

Ако победи ВМРО-ДПМНЕ арамија ќе биде СДСМ на кој со друг аршин ќе му се суди

Од резил порезил. Во Северна Македонија како бомба пукна. Делото на Груевски застарело. Да, застарело. Мајсторски застарело. Само кај нас тоа може да биде. Светот ни се смее. И со право. Алал да ни е. И нам и на нашите судии. Што да правиме кога од турско „правдата“ ни останала. „Кадија те тужи, кадија ти суди“. Како поинаку може да се каже за одлуката на нашите „врвни“ судии. Како може да му се суди на „фирер“ кој и стол и пари ти дал? Не е важно што и „пилците“ знаеа дека за изградбата на автопатите „вождот“ од Кинезите „профитот“ си го ставил во џеб. Зел, ама излезе не зел. „Лекот“ е делото застаре. И навистина застаре.

Сега Грујо слободно може на раат кафе да си пие во Будимаграда. „Неговите“ судии за шест години, откога е направено делото, не нашле за потреба да донесат било каква пресуда?. Велат не се докажала вината. Немале докази?. А како вистината на виделина можела да излезе кога, со договор на „кадијата“, на рочиштата еднаш Грујо не доаѓал, другпат, адвокатот, трет пат еден од сведоците. „Кадијата“ не пет, не десет туку ни сам незнае колку рочишта одложил. Што да прави. Неможе рочиште да одржи. Се разбира и пресуда нема. А истите тие судии, кои земаат најголеми плати во Северна Македонија, не го застареа делото на дедото на малата Тамара, која по вина на „некој големци“ не доби пари да се оперира во странство за денес да биде жива. Случајот го ставија во приоритетните. По брза постапка го ставија во апс. Не го застареа и случајот на оној „гладник“ кој украл двеста или триста кебапи. Не ги застареа и делата на стотици „голтари“, а делото на Грујо застаре. Како воопшто да не било. Како Грујо да не си зел милиончиња народни пари.

Е, нема што. На нашите судии рамен им нема во светот. Не резил туку, како што вели народот: „од батак, побатак“. Дали судијата, не е важно кој, за „црни очи“ го застарел делото или поради тоа што Грујо бил многу убав, личен, голем. Или добил таква „наредба“. Да „замижи“. Народот ќе зборува . Ако. „Секое чудо за три дена“. Така е кај нас. Ниту на судијата ниту на Грујо влакно нема да им фали. Готово е. Со здравје да си ги “троши“ парите. Нека си пие кафе и сеир нека си гледа и команди на Мицко нека му дава. Заев и Владата сеуште „спијат“. Веста ги збуни. Малку ги „отрезна“. Ветуваа реформи во судството. Она што им го викаше Запад „од едно уво влегуваше од другото излегуваше“. „Нашите“ судии се чесни. Ќе се „освестат“ и нема да судат онака како за време на груевизмот. Така велеа, а се чини така и понатаму велат. Забораваат дека Груевски не само што им даде фотељи туку им даде и големи плати на судиите за да судат по негов терк. А има и уште да им даде!?. Во џебовите има уште од украдените пари. Е, па господине Заев кого ќе го слушаат „големите“ судии!. Тебе или Грујо!?. Изборите се за шест месеци. Ако СДСМ победи алал нека му е. Тогаш алал нека ви е. Но, ако на власт дојде ВМРО-ДПМНЕ, црно ви се пишува. Ајдуците, кои украдоа милиони евра народни пари, ќе ги нема. Како да не биле ајдуци. И херои може да бидат. Виновник и ајдук ќе биде СДСМ. Ако победи, пак, ВМРО-ДПМНЕ, арамија ќе биде СДСМ на кој со друг „аршин“ ќе му се суди. Црно му се пишува. Ах, пусто Турско, што аманет ни остави!?.

Стоилко Андреевски