Ахмети: Со функционирањето на правната држава ќе бидеме поблиску до европските вредности

Ахмети: Со функционирањето на правната држава ќе бидеме поблиску до европските вредности
12.10.19   19:47

Прочитано : 104

Print This Article

Инсистираме и ќе го реализираме ветингот во сите сфери на општествениот живот почнуваќи од судството, но и во сите државни институции, бидеќи ние само така ќе се бориме против корупцијата и екстремизмот. Со функционирањето на правната држава ние ќе бидеме поблиску до европските вредности, ќе станеме 30-та членка на НАТО до крајот на годинава или почетокот на идната. Подготвени сме да се соочиме со сите предизвици кои ги има потот кон ЕУ.

Ова го истакна лидерот на ДУИ Али Ахмети денеска во Кичево во обраќањето на Изборното собрание на кое се бираше нов претседател на огранокот на партијата за овој град.

На Изборното собрание на кое присуствуваше целото партиско раководство и други функционери на партијата, Ахмети се осврна на она што го сработиле во изминатите 18 години, за што вели, ќе пишува историјата. – Ние станавме свои на свое, го „убивме“ стравот, ја вративме гордоста кај Албанците…Во иднина ќе работиме на подготвување нови генерации за во ЕУ и НАТО, рече Ахмети.

На Изборното собрание за нов претседател на огранокот на ДУИ во Кичево е избрана дипломираната правничка Ардита Дани. Таа беше единствениот кандидат номиниран за функцијата, и доби едногласна поддршка од 110 членови присутни на Изборното собрание на ДУИ што се одржа во Центарот за култура „Кочо Рацин” во Кичево. За неа, рече, овој избор е чест, но и одговорност.

-Јас сум горда што ДУИ како партија посебно место и значење им придава на жените и девојките, бидеќи и ние знаеме да раководиме и создаваме големи вредности. Би сакала посебна порака да упатувам до младите на кои ќе продолжиме да им бидеме поткрепа за тие иднината да ја градат овде во родниот крај, рече меѓудругото  Ардита Дани, која воедно е и координатор на Советничката група на ДУИ во Собранието на Општина Кичево, а за преседател на огранокот на ДУИ доаѓа на местото на досегашниот преседател Шевал Цеку.

На Изборното собрание присутен беше и градоначалникот на Општина Кичево и член на ДУИ, Фатмир Дехари, кој во обраќањето истакна дека “како што досега овие 18 години бевме успешни како партија, со нови сили ќе бидеме успешни и во наредниот период “.

  Категории:
view more articles

Актуелно

view more articles

Останати вести