Ахмети до Харадинај: Убеден сум дека ќе ја докажеш праведната борба на овој народ за слобода

Ахмети до Харадинај: Убеден сум дека ќе ја докажеш праведната борба на овој народ за слобода
20.07.19   21:32

Прочитано : 200

Print This Article

Лидерот на Демократската унија за интеграција Али Ахмети, преку социјалните мрежи реагираше по одлуката на косовскиот премиер Рамуш Харадинај да поднесе оставка од функцијата, откако доби покана да се појави пред Специјалниот суд во својство на осомничен.

Ахмети преку статус на Фејсбук изразува убеденост дека Харадинај и овој пат ќе изезе како победник.

– Како еднаш не ти се одделија потешкотиите, човеку? Се запознавме во потешкотии, и успеавме. Во какви било потешкотии излезе победник и сигурен сум дека ќе излезеш како победник и од оваа наредна нефер потешкотија. Убеден сум дека ти најдобро и овој пат ќе ја докажеш праведната борба на овој народ за слобода, демократија и независност – вели Ахмети во неговиот статус на Фејсбук.

  Категории:
view more articles

Останати вести