Ахмети: Албанската опозиција со навреди ја одби понудата за заеднички претседателски кандидат – Албанец

Ахмети: Албанската опозиција со навреди ја одби понудата за заеднички претседателски кандидат – Албанец
17.02.19   21:28

Прочитано : 1,071

Print This Article
Во директното интервју за РТК по повод 11 годишнината  од независноста  на Косово , претседателот на ДУИ, г.дин Али Ахмети зборуваше и за претседателските избори во земјата,  истакнувајќи дека понудил соработка со Албанската опозиција  за заеднички кандидат Албанец, но за жал, двете опозициски партии го одбија.
-Јас ја пружив раката, но албанските  опозициски политички партии излегоа со многу навредувачки ставови  и не ја прифатија испружената рака. Навистина жалам. Утре ќе има средба на коалициските партнери.  Ние стоиме на нашиот принцип  за претседател на државата со договор  помеѓу страните кои имаат легитимитет, значи на албанската и македонската страна. Има волја за да се постигне договор, но ова зависи од страните кои ќе се сретнат во понеделник – истакна претседателот на ДУИ, г.дин Али Ахмети.
  Категории: