Ахмети ќе брка гласови со изборната мамка на Црвенковски - барем по еден вработен од семејството

Ахмети ќе брка гласови со изборната мамка на Црвенковски - барем по еден вработен од семејството

Али Ахмети по урнек на ексшефот на државата Бранко Црвенковски ветува по еден вработен од секое семејство. Ова се политиките на четвртата резолуција – работа и развој, која денес помина на Централното претседателство на интегративците, а која по конгресот на ДУИ се очекува да биде дел и од изборната програма.

Од партијата за порталот Плусинфо велат дека новите политики кои ќе ги понуди ДУИ се приоритет при вработувањето да имаат семејствата кои немаат никакви приходи.

Ова ќе значи дека барем еден од секое семејтво да биде вработен или во државниот или во приватниот сектор. Според интегративците, економијата на годишно ниво отвора од 10.000 до 15.000 работни места, а политиките на ДУИ ќе бидат вработување на барем еден член од секое семејство.