Адвокатот на Груевски за ТВ21: Немаме право на жалба во Врховен суд

Адвокатот на Груевски за ТВ21: Немаме право на жалба во Врховен суд
10.11.18   17:59

Прочитано : 1,233

Print This Article
loading...
loading...

„На одлуката на Кривичен совет немаме право на жалба до Врховен суд. Имаме можност да поднесеме иницијатива до Јавниот обвинител на РМ.

Тој како надлежен може да поднесе барање за заштита на законитоста. Поради овој рок, нашата иницијатива ќе ја поднесеме најбрзо што можеме, веднаш по приемот на решението.

Иницијативите не се сметаат за ефикасно право средство бидејќи многу ретко ги прифаќа Јавното Обвинителство. Имаме мислење и од Комисијата за дискриминација во кое се советува Суд 1 – Кацарска да ги отстрани недостатоците од мислењето и да извести што има преземено во рок од 30 дена.

Истото се доставува и до Републичкиот судски совет. Кацарска има овластување и таа самата да го одложи почетокот на казната затвор од причините во мислењето.

Поднесеното барање до Врховен суд поднесено на ден 24.10.2018 година во моментов се наоѓа кај Кацарска иако таа требаше веднаш да го прати“, изјави за ТВ21, адвокатот на Груевски, Димитар Дангов.

  Категории: