Администрацијата ќе се крати со префрлање во приватниот сектор, не со откази

Администрацијата ќе се крати со префрлање во приватниот сектор, не со откази
15.04.19   16:08

Прочитано : 1,061

Print This Article
Министерот за информатичко општетсво и администрација Дамјан Манчевски најавува намалување на администрацијата, но не преку откази, туку преку мотивирање на службениците доброволно да се префрлат во приватниот сектор.

-Нема потреба административците да се плашат од начинот на кој ќе биде спроведено тоа. Сè ќе биде доброволно, но факт е дека нешто мора да направивме во реформата на сиситемот и оптимизација на вработените во јавниот сектор. Ситуацијата не може да остане статус кво, вели Манчевски.

Тој денеска беше дел од јавната расправа за претстојните измени на законите за вработени во јавниот сектор и за административни службеници пред подготовката на драф верзијата со цел во нив да бидат вклучени предлозите на институциите што ги применуваат двата закона. Според него процедурата треба да заврши до крајот на годината.

-Нема да брзаме ова е процес којшто ќе трае три – четири месеци, а потоа ќе влеземе во процедура, изјави Манчевски.

Тој очекува во јуни законите да влезат во владина процедура, а најдоцна до септември да биде изгласан во Собранието

  Категории:
view more articles

Останати вести