Адеми на ТВ21: Учебникот по социологија со сексистичка содржина ќе биде корегиран до јуни

Адеми на ТВ21: Учебникот по социологија со сексистичка содржина ќе биде корегиран до јуни

Министерот за образование Арбр Адеми во изјава за ТВ21 рече дека книгата по социологија за втора година од средното образование, во која се дискриминираат и се навредуваат жените, ќе биде корегирана до крајот на учебната година.

За време на неговото гостување во емисијата „Клик плус“, министерот истакна дека знае за грешките и откри дека ревидирањето за овој учебник веќе започнало.

Тој додаде дека ќе ги извести сите училишта и наставници по предметите во средно образование за грешките или пропустите во учебниците.

Повеќе прочитајте ТУКА.