ГАЛЕРИЈА: Уметница со фенонемални преработки на ликовите од руските бајки

ГАЛЕРИЈА: Уметница со фенонемални преработки на ликовите од руските бајки
26.10.18   21:55

Прочитано : 65

Print This Article

Уметницата и фотографка Улдус Бахтиозина од Санкт Петерсбург, Русија ја преобликува иконографијата поврзана со најпознатите ликови на руската култура и фолкор преку нејзиниот фотографски проект, наречен “Russ land”.

Бахтиозина вели дека нејзината цел е да ги рафинира претставите на ликовите на кои им додава детали од личната визија за нив и вредностите кои ги пренесуваат.

 Oва дело ги претставува сите "тајни" за Русите - бањите со етерични масла, месото, златото... Очите се широко отворени и ја илустрираат отвореноста на Русите, a симболизмот ја претставува комплексноста на нацијата- мешавина на етнички групи, религии...

“Мистериозна руска душа ” Oва дело ги претставува сите “тајни” за Русите – бањите со етерични масла, месото, златото… Очите се широко отворени и ја илустрираат отвореноста на Русите, a симболизмот ја претставува комплексноста на нацијата- мешавина на етнички групи, религии…

“Најубавата” (Прекраснаја) Провокативна интерпретација на застарениот концепт за убавината со православна и стереотипна основа. Внатрешната убавина ги изгонува од својот свет оние кои се затворени во тесна перцепција на стандардите. Оваа претстава на девојка со нестандардна убавина носи обетки од слатки со слика од “Аленушка” (една од најчестите имиња во бајките и фолклорните песни која илустрира типична “убавина” и начинот на кој младата девојка би требало да изгледа, инаку би останала немажена. Оваа фотографија е предизвик за стереотипите за убавината

“Златно караоке” Инспирирана од “Приказната за рибарот и златната рипка”. Сиромашен рибар уловил волшебна златна рипка која му ветила дека ќе му исполни неколку желби. Тој ја ослободил и ги одбил желбите. Но неговата сопруга дознала за рибата и барала сè повеќе и повеќе богатство и моќ. Имала безброј желби низ кои ја манифестирала својата безгранична алчност и неблагодарност. Рибата за казна повторно ги направила сиромашни. Стариот рибар бил среќен на некој начин, бидејќи никогаш не барал ништо за самиот себеси.

ПЕТРУШКА е кукла - главниот комичен лик во рускoто кукларство. Тој е комбинација на Арлекин и Естер. Најчесто е негативен лик со само 4 прсти од секоја рака (индикатор дека "Петрушка" е од друг свет). Многу луѓе погрешно веруваат дека широко отворената уста на Петрушка е насмевка, но тоа веројатно ја претставува неговата лажливост. Постојано ги растегнува усните во насмевка. Постојат граници што не може да ги премине.

ПЕТРУШКА е кукла – главниот комичен лик во рускoто кукларство. Тој е комбинација на Арлекин и Естер. Најчесто е негативен лик со само 4 прсти од секоја рака (индикатор дека “Петрушка” е од друг свет). Многу луѓе погрешно веруваат дека широко отворената уста на Петрушка е насмевка, но тоа веројатно ја претставува неговата лажливост. Постојано ги растегнува усните во насмевка. Постојат граници што не може да ги премине.

ТРИГЛАВА (божици со три глави). Оваа трoглава словенска божица на Земјата ги претставуваат трите елементи кои ја сочинуваат земјата: почвата, водата и воздухот

ТРИГЛАВА (божици со три глави). Оваа трoглава словенска божица на Земјата ги претставуваат трите елементи кои ја сочинуваат земјата: почвата, водата и воздухот

"Мисирката Рјаба" е првата бајка што руските родители обично им ја кажуваат на своите деца уште додека се многу мали. Тоа е трагична приказна за баба, дедо и нивната мисирка што несе секое утро златно јајце, но тие не се среќни. Гледаме маса полна со корки од златни јајца и тажна Рјаба во нејзината човечка форма.

“Мисирката Рјаба” е првата бајка што руските родители обично им ја кажуваат на своите деца уште додека се многу мали. Тоа е трагична приказна за баба, дедо и нивната мисирка што несе секое утро златно јајце, но тие не се среќни. Гледаме маса полна со корки од златни јајца и тажна Рјаба во нејзината човечка форма.

Огнената птица (Жар птица)" е руска верзија на легендата за Фениксот. Жар птицата е голема птица со извонредна убавина, обвиткана со оган. Таа е онаа која секој сака да ја има, која создава безброј проблеми, но без неа приказната не би почнала ... Краде златни јаболка во царската градина.

Огнената птица (Жар птица)” е руска верзија на легендата за Фениксот. Жар птицата е голема птица со извонредна убавина, обвиткана со оган. Таа е онаа која секој сака да ја има, која создава безброј проблеми, но без неа приказната не би почнала … Краде златни јаболка во царската градина.

Секоја Царевна во словенски фолклор е претстава на женственоста и убавината, заштитена и симболизирана со Месечината, како планета за која се верувало дека најмногу влијае врз однесувањето на жените.

Секоја Царевна во словенски фолклор е претстава на женственоста и убавината, заштитена и симболизирана со Месечината, како планета за која се верувало дека најмногу влијае врз однесувањето на жените.

Матрешка е најпознатата руска кукла, која станува жива во некои руски бајки или претставува најдобар подарок за децата. Тука Матрешка е во нова хуманизирана форма со современ допир и претстава на нестандардна убавина.

"Духот на змејот„ Овде не гледаме три страшни глави на змеј - тоа би било премногу очигледно, туку само суптилно навестување преку раце со три цигари. "Духот на змејот" тука ја „превртува“ сликата за авторитетот на мажот и се навраќа на корените на паганските верувања од словенската култура каде што "главата" на едно семејство, ном и на цело племе била жена.

“Духот на змејот„ Овде не гледаме три страшни глави на змеј – тоа би било премногу очигледно, туку само суптилно навестување преку раце со три цигари. “Духот на змејот” тука ја „превртува“ сликата за авторитетот на мажот и се навраќа на корените на паганските верувања од словенската култура каде што “главата” на едно семејство, но и на цело племе била жена.

Русалка е женски дух, водна нимфа или демон во словенската митологија. Русалките наликувале на сирени и живееле на дното на реките. Навечер, русалките излегувале од реките и оделе на ливадите да играат. Кога ќе забележеле привлечен маж, тие го маѓепсувале со песна и игра, го хипнотизирале и го одведувале на дното на реката да живее со нив. Во повеќето приказни, русалката е неспокоен дух поврзан со „мрачната сила“. Жените кои умреле насилно или пред време: жените кои се самоубиле или бремените жени кои не биле мажени морале да проживеат одредено време како духови на земјата. Постои уште една верзија според која душата на млада жена која умрела во близината на некоја река или езеро, тука и останува да живее опседнувајќи го местото. Русалките не се секогаш злобни и тие можат да преминат од овој свет на другиот доколку се освети нивната смрт. Русалки можат да станат и некрстените деца, а често вонбрачните деца кои биле удавени.

 "Маша и мечката" е бајка за мало девојче кое се губи во шумата, се сопнува и паѓа во пештера на семејството на мечки. Само нејзината мудрост ја спасува од смрт. Оваа фотографија ја претставува нејзината победа врз мечката

“Маша и мечката” е бајка за мало девојче кое се губи во шумата, се сопнува и паѓа во пештера на семејството на мечки. Само нејзината мудрост ја спасува од смрт. Оваа фотографија ја претставува нејзината победа врз мечката.

 "Целиот нејзин мираз" е фотографија за младата девојка која се подготвува за брак (вообичаено во раната словенска култура во раните тинејџерски години). Го подготвува миразот без кој не би било земена од куќата на родителите. Еден од најбитните предмети е чајникот.

“Целиот нејзин мираз” е фотографија за младата девојка која се подготвува за брак (вообичаено во раната словенска култура во раните тинејџерски години). Го подготвува миразот без кој не би било земена од куќата на родителите. Еден од најбитните предмети е чајникот.

  Категории:
view more articles

Актуелно

view more articles

Останати вести