670.000 Британци на протест во Лондон побараа втор референдум за Брегзит

670.000 Британци на протест во Лондон побараа втор референдум за Брегзит
20.10.18   21:16

Прочитано : 1,306

Print This Article
loading...
loading...

Реванш на Брегзит денеска побараа 670.000 Британци во центарот на Лондон, пред Парламентот. Противниците на Брегзит повикаа на нов референдум за повлекувањето на Велика Британија од Европската унија, односно побараа повторна можност за референдум, но овој пат за останување во Европска унија. На протестот говореа голем број јавни личности, меѓу кои и градоначалникот Садик Кан. Порачаа дека сакаат повторно гласање, бидејќи на првиот референдум граѓаните не биле доволно информирани со што се соочуваат.

Пратениците од големите политички партии го поддржаа маршот, со повик за нов референдум. Но, таа опција одамна е отфрлена од премиерката Тереза Меј, која засега не остава простор за нов референдум.

Овој протест во организација на „Гласот на народот“ беше најмасовниот протест во градот, по оној против војната во Ирак во 2003 година. Околу 150 автобуси донесоа илјадници демонстранти од сите делови на земјата до британскиот главен град. По протестниот марш, демонстрантите се упатија на собир пред Парламентот.

Андре Адонис, лабуристички член на Домот на лордови оцени дека „овонеделниот хаос и конфузија во врска со преговорите за Брегзит покажаа дека дури и најдобриот сега достапен договор ќе биде лош за Велика Британија“.

-„Гласачите никогаш нема да простат или заборават ако пратениците дозволат овој беден Брегзит да се случи, а да не се овозможи  народот да го има последниот збор“, истакна Адонис.

Протестот се одржа во исто време со трката посветена на Брегзит, организирана од Најџел Фараџ.

Според планот, Велика Британија треба да ја напушти ЕУ на 29 март 2019 година, но преговорите меѓу двете страни се проследени со многу несогласувања. На референдумот во јуни 2016 година, за излез на Британија од Европската унија гласаа 51, 89 отсто за, а 48, 11 против.

  Категории: