31 прашање

31 прашање

Ви пренесуваме дел од колумната на Горан Михајловски за СДК:

Деновиве има еден проблем ако сакаш да кажеш „само вистина“ на пет национални телевизии. Оти решиле дека нема да ги емитуваат изјавите на министрите и на замениците-министри. Ама, не кажуваат зошто.

Уредниците веројатно се срамат што нивните новинари имаат добиено наредба да не ги снимаат министрите и замениците. Затоа и не кажуваат. Ама, кога ќе ми текне дека Груевски наполни три телевизии со 25 милиони евра наши пари за да ја шират неговата пропаганда, веројатно е дека тие и сега мислат оти нашите пари им следуваат по дефиниција. Особено што и Владата на Заев, откако подели пари на печатените медиуми, ги потпали и надежите на телевизите дека ќе прави фонд за медиуми.

Значи, интересот на сиромашките милионери-газди на телевизии е поважен од јавниот интерес. Го продадоа јавниот интерес за пари. И тоа двојно. Еднаш затоа што газдите ги бараат нашите пари. И втор пат затоа што не нѐ информираат, ако не им платиме.

Е па, нема друго чаре. Нека си дојде Груевски, тој даваше пари по телевизиите на ангро. И одма нека ја стартуваат кампањата „Ти си Македонија“. И спотовите да ги емитуваат веднаш по прилозите од судските рочишта за „Рекет“. За рекетот што го правел првоосомничениот користејќи ја моќта на телевизијата и злоупотребувајќи ги новинарите што работеле во неа.

Продолжува маркетиншкиот серијал „30 прашања“ за функционери на СДСМ, што им ги поставува потпретседателот на партијата Коста Петров.

Мене лично, како гласач, ме интересира уште едно, 31-во прашање: „Може ли да ја замислите Македонија без ДУИ на власт?“

Целата колумна на СДК на следниот линк.