30 дена притвор за Миле Јанакиески и Кирил Божиновски

30 дена притвор за Миле Јанакиески и Кирил Божиновски
14.11.18   09:38

Прочитано : 213

Print This Article

Откако Јавното обвинителство за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од незаконското следење на комуникациите, побара притвор за Миле Јанакиески и Кирил Божиновски, Кривичен суд го прифати нивниот предлог за 30 дневен притвор на двете лица.

„Кривичниот совет на одделението за организиран криминал и корупција при Основниот суд Скопје 1 – Скопје, постапувајќи по предлог на Јавното обвинителствот за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од незаконското следење на комуникациите, за определување мерки за обезбедување присуство против М.Ј. и К.Б. опфатени во предметот со КОК бр. 7/18 од обвинителството означен како „Титаник“, по ценење на фактите и доказите во предлогот донесе решенија со кои го прифати предлогот и на двете лица им определи мерка притвор во траење од 30 дена заради постоење на основите од член 165 ст.1 точка 1. од ЗКП односно „ ако постојат други околности што укажуваат на опасност од бегство“, се вели во соопштението на Кривичен суд.

  Категории: