30 дена притвор за Боки 13

30 дена притвор за Боки 13
16.07.19   00:13

Прочитано : 2,026

Print This Article

Бојан Јовановски, менаџер на 1ТВ, вечерва оди во истражниот затвор „Скопје“, бидејќи судија на претходна постапка му одреди мерка притвор од 30 дена.

Претходно заврши и распитот на второосмничениот Зоран Милески, кој исто така заврши во притвор.

-Постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство за гонење рганизиран криминал и корупција, пред судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд денеска беа спроведени две лица со предлог за определување мерка притвор.

По произнесување на спроведените лица и ценење на фактите и доказите
приложени во предлогот на обвинителството, судија на претходна постапка го прифати предлогот на обвинителството и донесе решенија со кои на двете лица им определи мерка притвор во траење од 30 дена со оглед да смета дека се исполнети условите од член 165 ст.1 точки 1,2 и 3 од ЗКП
Против овие решенија странките имаат право на жалба до Кривичниот совет, информираат од Кривичниот суд.
Обвинителството за организиран криминал и корупција ги сомничи Јовановски и Милевски затоа што наводно рекетирале познат бизнисмен кој бил под истрага на СЈО

view more articles

Актуелно

view more articles

Останати вести