25 поени

25 поени
20.09.19   22:17

Прочитано : 1,846

Print This Article

Ви пренесуваме дел од колумната на Горан Михајловски за СДК:

Пратеникот Антонијо Милошоски побара Собранието да направи анкетна комисија за работењето на СЈО. Катица Јанева веќе тера втор мандат во Шутка, а ВМРО-ДПМНЕ по свадба, тапани вика. И тоа, кој вика? Антонијо. Ај што уште преговара за иднината на обвиненијата против него, ај што на евроамбасадорот Жбогар му пишува писма за местенки во Академијата за судии и обвинители, а сопругата на генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев е второрангирана по резултати, туку сега отвара муабет за непотизам. Кој? Антонијо. Со снаата во УЈП, со вујкото во Катастар, со братучедот во Централен регистар, со братучетка директорка на школо, друга братучетка во Водовод, зет раководител во МЕПСО…Кој збори за непотизам? Антонијо. Пратеникот кој беше дел од власта во која премиерот и шефот на тајната полиција како братучеди ја прислушуваа цела држава.

Кој прашува за неразумно трошење? Антонијо. Пратеникот кој беше дел од власта што потроши повеќе од пола милијарда евра на гипс и на споменици само во еден град. И повеќе од пола милион евра за палми што се исушија во сите градови. Зборат за неразумно трошење тие што увезуваа морски песок за плажите во Охрид и на Вардар?

Па добро бе, не мора баш Антонијо на вмровците да им биде Катица за сѐ. Кога веќе сакаат да попуваат што сѐ не треба да се прави, нека најдат некој кој со својата појава нема да нѐ потсетува што сѐ се правеше. Од тие 30-40 пратеници што ги имаат, белким има некој што немал врска со будалаштините на Груевски.

Целата колумна на СДК на следниот линк.

  Категории:
view more articles

Актуелно

view more articles

Останати вести